АНКЕТА:

Sunday, October 18, 2009

Регионален центар ПРИЛЕП

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Независниот општински синдикат при Унија на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) е формиран на ден 04 јули 2008 година точно пред една година со решение од Централен регистар на Македонија во Прилеп и се залага за примена на меѓународните стандарди, конвенции и препораки. Синдикалните права и слободи се содржани во Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите нации (од 1948 година), во Европската социјална повелба на Советот на Европа (од 1961 година) и во повеќе конвенции на Меѓународната организација на трудот. Република Македонија ги има ратификувано конвенциите 87 и 98 на Меѓународната организација на трудот и истите се имплементирани во Уставот на РМ.
Меѓу другите одредби, во конвенциите на МОТ стои:
Работниците, без било каква разлика, имаат право да основаат и да се зачленат во синдикат по сопствен избор;
Синдикалните организации имаат право да донесат свои статути и програми, да изберат свои претставници, како и непречено организирање и дејствување, без било какво мешање од страна на работодавачите или власта;
Синдикатот не може никој да го распушти или да го суспендира;
Синдикатот има право на основање свои пошироки асоцијации, да се здружува во федерации, конфедерации, кои, пак, имаат право на зачленување во меѓународни синдикални организации;
Работниците кои се зачленети во синдикат уживаат соодветна заштита од антисиндикална дискриминација, а синдикатот е заштитен од мешање на работодавачите во неговата активност;
Синдикатот има право да ги извршува синдикалните активности за време на работа и на работното место;
Синдикатот има право на колективно преговарање за регулирање на условите за вработување, работа, како и на другите права од работниот однос;
Работниците и синдикатите имаат право на штрајк и на превземање на сите форми на синдикални акции;
Синдикатот има право да ги заштити работниците од секоја форма на моббинг.
НОС УНАСМ преку своето работење и реализирањето на активностите има воспоставена соработка со сите институциите на системот како и со граѓанските организации.

Претседател на НОС УНАСМ Прилеп
Аризанкоски Рубинчо



Подпретседател на НОС УНАСМ Прилеп
Блажески Гоце



Подпретседател на НОС УНАСМ Прилеп
Здравеска Васе



Секретар на НОС УНАСМ Прилеп
Макреска Трајанка

No comments:

Post a Comment

Poll

Poll

Скриена порака

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Македонски радија

УНАСМ информатор

Линкови